Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 37-от степен.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата ќе достигне до 36 степени.
За време на викендот и во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло со пораст на дневната температура.