ОД ДЕКЕМВРИ НОВА АВИОЛИНИЈА СКОПЈЕ – КЕЛН Летовите ќе се реализираат 4 пати во неделата

Билетите се веќе во продажба и чинат 1.619 денари (24,99 евра) во еден правец, вклучувајќи ги сите задолжителни такси и една рачна торба.

378

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ од 15 декември ќе лета од Скопје до Келн (Германија). Билетите се веќе во продажба и чинат 1.619 денари (24,99 евра) во еден правец, вклучувајќи ги сите задолжителни такси и една рачна торба.

Летовите ќе се реализираат 4 пати во неделата во понеделник, среда, петок и во  недела.






Оваа нова дестинација следува по неодамнешната најава на уште пет возбудливи рути од Скопје до Стокхолм, Мадрид, Прага, Бари и до Ларнака.

Со ова проширување, Wizz Air сега нуди вкупно 34 дестинации во 15 земји, од скопскиот и охридскиот аеродром – зајакнувајќи ги поврзаноста и можностите за патување за патниците од регионот и пошироко.

Поврзани содржини