НЕ СЕ ПРИЈАВЕНИ ШТЕТИ ОД НЕВРЕМЕТО Нема ниту повредени граѓани, велат од ЦУК

216

По врнежите од дожд и силниот ветер кои зафатија делови од државата, до овој момент до Центарот за управување со кризи не се пријавени материјални штети или повредени лица.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, заедно со вработените од оперативниот сектор и дежурната служба, ја следи состојбата на терен, информира ЦУК.






Центарот за управување со кризи останува во постојана готовност и продолжува со координирани активности за обезбедување брза и ефективна институционална реакција при евентуални потреби.

Поврзани содржини