ЗА ДА ИМА МИР, УКРАИНА ЌЕ МОРА ДА СЕ ПОМИРИ Членството во НАТО е невозможно, вели Орбан

440

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно ја истакна својата позиција дека војната во Украина ќе заврши само кога Киев и Западот ќе ја прифатат реалноста – Украина никогаш нема да стане членка на НАТО.

Во обраќање на младински фестивал во Естергом, Орбан изјави дека единствениот пат кон мир е преку дипломатија и итен прекин на непријателствата, став што Унгарија го застапува уште од почетокот на ескалацијата на конфликтот во 2022 година.






– Мирот ќе настапи кога и Европејците и Украинците ќе ја прифатат непобитната геополитичка реалност: Русија никогаш нема да дозволи НАТО да се прошири до нејзините западни граници преку Украина – рече Орбан.

Будимпешта од почетокот на конфликтот доследно се спротивставува на украинската кандидатура за НАТО, предупредувајќи дека тоа би значело директен ризик од поширока европска војна. Унгарија, за разлика од другите земји членки на ЕУ и НАТО, не испраќа воена помош на Киев и постојано повикува на мировни преговори.

Москва, пак, континуирано укажува дека украинската аспирација за членство во НАТО претставува егзистенцијална закана. Кремљ повеќепати има истакнато дека токму оваа амбиција на Киев е една од главните причини за започнување на воената операција, нагласувајќи дека проширувањето на НАТО кон исток претставува „црвена линија“ за Русија.

 

Поврзани содржини