НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ Над Велес се појави суперкелиски облак

4,726

Пороен дожд, грмежи, силен ветер и град го погодија Скопје попладнево. Во некои населби од главниот град, како и во центарот, ветрот носи сѐ пред себе и стана многу мрачно од надвиснатите густи облаци.

„Силна нестабилна облачна маса се спушта кон Езеро Младост и дел од Велес . Проследена е со интезивни поројни врнежи од дожд и град, силни електрични празнења и засилен ветер кои можат да предизвикаат штети од поголем размер. Силна нестабилност има и измеѓу Штип и Кочани во гегионот на Горни и Долни Балван каде исто така имаме интезивни поројни врнежи од дожд и град , грмежи и засилен ветер. Од запад кон Скопје навлева нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град“, информира УХМР.






Оттаму информираат дека силна нестабилна облачна маса има и во Велес, како и во штипскиот и во кривопаланечкиот регион.

Проследена е со интезивни поројни врнежи од дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и со појава на град.

Метеорологот Славчо Поповски објави дека над Велес, пред силното невреме, се појавил суперкелиски облак.

Поврзани содржини