МНР Е ВО КОМУНИКАЦИЈА СО СЕМЕЈСТВОТО НА ЧИФЛИГАНЕЦ Се организира пренесување на телото во Македонија

1,046

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до Амбасадата на Македонија во Прага, Чешка, била доставена информација за тешка сообраќајна незгода со мотор, управуван од лицето Д.Ч., државјанин на Македонија, кој во несреќата се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болница на лекување.

По добиената информација, Амбасадата веднаш стапила во контакт со семејството.






На 3 август, од страна на фамилијата на лицето Д.Ч., Амбасадата била информирана дека тој им подлегнал на повредите.

„Дипломатско-конзуларното претставништво во Прага е во постојана комуникација со семејството на починатиот, со цел завршување на формалните постапки и организирање на пренесување на телото во Македонија“, информира МНР.

Поврзани содржини