МИШКО РАЛЕВ ВЛЕГУВА ВО ТИМОТ НА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ Кандидатот за градоначалник стартува со академска поддршка
Заедно ќе работиме Скопје повторно да го направиме достоинствен град — град на идеи, вредности и иднина - објави Ѓорѓиевски.
Кандидатот за градоначaлник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, објави дека архитектот и професор Мишко Ралев станува дел од неговиот тим.
– Голема чест и искрена благодарност до професорот Мишко Ралев што се приклучува во мојот тим за поубаво Скопје. Со своето богато искуство, визија и интегритет, тој претставува силна поддршка и уште поголема мотивација за нас. Академската заедница и научно-истражувачката дејност на реномираните професори секогаш ќе имаат отворена врата и заслужено место во визијата за напредно и современо Скопје. Заедно ќе работиме Скопје повторно да го направиме достоинствен град — град на идеи, вредности и иднина – објави Ѓорѓиевски.