КОБРА НАПАДНАЛА 1-ГОДИШНО ДЕТЕ, ТОА ЈА ГРИЗНАЛО И ЈА УБИЛО Малиот Говинда преживеал чудо во Индија

По инцидентот со змијата, детето се онесвестило и првин било пренесено во најблискиот здравствен пункт, а потоа и во државната болница во градот. Иако било изложено на отров, последиците биле благи и предизвикале само губење свест, но не и смртен исход.

911

Едногодишно бебе од Индија гризнало кобра и ја убило откако змијата му се обвила околу рацете, објави британски Индепендент.

Детето, идентификувано само по првото име Говинда, ја гризнало кобрата додека си играло во својот дом во малото гратче Бетија, близу индиско-непалската граница, според локалните медиуми.






– Кога ја видовме змијата во раката на детето, сите потрчавме кон него, но дотогаш тој веќе ја беше гризнал и ја беше убил на самото место – изјавила бабата на детето за локален медиум.

По укасот, детето се онесвестило и било итно пренесено во примарен здравствен центар, а потоа во Државната медицинска болница во градот.

– Детето, Говинда Кумар, беше донесено тука вчера од примарниот здравствен центар во близина на неговото село, каде што било однесено од семејството, откако се онесвестило веднаш по укасот на живата змија – изјавил директорот на болницата, Дувакант Мишра.

Според извештаите, дејството на отровот било слабо, довело до губење на свест, но не било фатално.

– Благодарение на навремената интервенција, животот на Говинда е спасен. Состојбата на детето моментално е стабилна, под лекарски надзор, и се администрира терапија. Медицинскиот тим му дава континуиран третман и го набљудува – изјавил д-р Саураб Кумар од државната болница.

Според локалните извештаи, Говинда е внимателно следен и доколку се појават симптоми на труење, ќе започне соодветен третман.

Инаку, Индија има околу 300 видови змии, од кои 60 се силно отровни, меѓу нив и Раселовата змија, крајтот и змијата со назабени лушпи – главни виновници за најголем дел од смртните случаи поради каснувања.

Индиската кобра ја комплетира т.н. „голема четворка“ на најопасни змии во земјата.

Индија забележала над еден милион смртни случаи од укаси од змии во периодот од 2000 до 2019 година, според студија во 2020 година.

Повеќе од две третини од тие смртни случаи се случиле во 8 индиски држави, меѓу кои и Бихар, Џаркханд, Мадја Прадеш, Одиша и Утар Прадеш.

Поврзани содржини