🎥 ДРАМА НА ПЛАЖА ВО ЦРНА ГОРА Турист со падобран заврши во хотелски базен
Падобранот неочекувано му се откачил, а туристот завршил во базенот на еден од хотелите покрај плажата.
Викендов на плажата во црногорското одморалиште Бечиќи се случила вистинска драма, кога турист кој уживал во парасејлинг — адреналински спорт во кој параглајдер се влече со глисер — останал без контрола во воздух.
Падобранот неочекувано му се откачил, а туристот завршил во базенот на еден од хотелите покрај плажата.
Иако сцената изгледала застрашувачки, тој за среќа поминал без повреди. Инцидентот, според локалните медиуми, не бил пријавен во полиција.
Ова не е првпат парасејлингот да заврши трагично или на раб на несреќа. Пред само месец и половина, 19-годишна девојка од Србија загина кај Будва, кога за време на истиот спорт ѝ се одврзала сајлата што ја поврзувала со глисерот.
View this post on Instagram