📷 ВО ВЛЕЧКИ И ВО БЕРМУДИ Ѓоковиќ „уловен“ во Црна Гора, ќе ве изненади како изгледа

Најдобриот светски тенисер одмара со семејството, додека навивачите го фотографираат на каса.

2,672

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ моментално ужива во одмор во Црна Гора, далеку од тениските терени. Тој беше забележан од обожаватели додека со насмевка пазаруваше во супермаркет, облечен опуштено во бела маица со подигната јака, бермуди и влечки.

И покрај тоа што е меѓу најпознатите луѓе на планетата, Новак со едноставност и мирна енергија ги завршуваше обврските, видно свесен дека некој го фотографира, но без никаков проблем или нервоза.

 






Овој одмор доаѓа во период кога Ѓоковиќ е повеќе фокусиран на себе, на семејството и на полнење енергија, особено по големите напори кои ги вложи на Вимблдон, каде што неговото учество заврши во полуфиналето против Јаник Синер.

Фото: Принтскрин

Во неделата беше официјално објавено дека Ѓоковиќ нема да настапи на престојниот Мастерс турнир во Торонто, кој започнува за една недела. Иако засега нема информација кога повторно ќе го видиме на терен, јасно е дека паузата му е повеќе од потребна.

Семејниот одмор во Црна Гора е шанса за Новак да се одмори и ментално и физички, пред да ги дефинира следните чекори во својата тениска кариера.

Поврзани содржини