ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ДО ЧЕТВРТОК ВО СКОПЈЕ Се одржуваат Европските младински игри во кајак на Треска
Од Секторот за внатрешни работи Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот.
Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од скопје и тоа в понеделник, вторник и в среда, од 8 до 14 часот, а в четврток од 8 до 16.30 часот.
Од Секторот апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот.