ПОЧИНА „ЗАСПАНИОТ ПРИНЦ“ Трагична приказна за момчето што беше во кома 20 години
Принцот, внук на познатиот саудиски милијардер и инвеститор Алвалид бин Талал, завршил во болница по тешка сообраќајна несреќа, при што, како тинејџер, се здобил со тешки повреди на мозокот и со внатрешно крвавење. Никогаш не се разбудил од комата, а изминатите 2 децении ги поминал приклучен на апарати за одржување живот во Медицинскиот центар Крал Абдулазиз во Саудиска Арабија. Поради долгогодишната состојба, јавноста го нарекуваше „Заспаниот принц“.
Принцот Ал-Валид бин Халед бин Талал, од Саудиска Арабија, познат како „Заспаниот принц“, почина на 36-годишна возраст, по 2 децении поминати во кома предизвикана од тешка сообраќајна несреќа во Лондон во 2005 година, објави Јунилед.
Принцот, внук на саудискиот милијардер и инвеститор, принцот Алвалид бин Талал, бил примен во болница по сообраќајната несреќа. Тогашниот тинејџер доживеал сериозни повреди на мозокот и внатрешно крвавење, по што никогаш не се разбудил. Последните 20 години од животот ги поминал на апарати за одржување живот во Медицинскиот центар Крал Абдулазиз во Саудиска Арабија, поради што јавноста го нарекуваше „Заспаниот принц“.
Смртта ја објави неговиот татко, принцот Халед бин Талал Ал Сауд, кој со длабока тага напиша: „Со срце што верува во Алаховата волја и судбина, го жалиме нашиот сакан син…“
Во 2019 година, беа забележани мали движења – подигање прст и благо движење на главата – но тие не беа знак за будење.
Погребната молитва ќе се одржи во џамијата Имам Турки бин Абдулах во Ријад.
Бројни јавни личности и граѓани изразија сочувство преку социјалните мрежи.