СЛОВЕНИЈА ВОВЕДУВА ДАНОК ОД 25% НА ДОБИВКА ОД КРИПТОВАЛУТИ Ќе почне да се плаќа од 2027 година
За разлика од третманот на данокот на капитална добивка на акциите, каде што данокот се намалува со годините на сопственост, тука се применува фиксна стапка од 25% без намалување, без оглед на времетраењето на чувањето на крипто-средството.
Словенија воведува данок од 25% на добивката од продажба или размена на криптовалути – без разлика дали станува збор за услуги, стоки, акции или традиционални пари (евра, долар).
Овој данок не се однесува на крипто-средства кои се составен дел од работењето на физички лица регистрирани за вршење дејности – во тој случај, се применува класичен данок на добивка.
За разлика од третманот на данокот на капитална добивка на акциите, каде што данокот се намалува со годините на сопственост, тука се применува фиксна стапка од 25% без намалување, без оглед на времетраењето на чувањето на крипто-средството.
Даночната основа е остварената добивка – разликата помеѓу вкупната вредност на отуѓувањето и стекнувањето на крипто-средства во период од една даночна година. Ако резултатот е негативен (загуба), вишокот може да се пренесе во следната година.
Даночните обврзници се должни да водат точна евиденција за секоја купопродажба на криптовалути и да ја достават до Даночната управа по барање. Инвестициите до 1.000 евра се ослободени од оданочување.
Данокот ќе се применува од 1 јануари 2026 година, што значи дека данокот ќе се плаќа за прв пат во средината на 2027 година.