МИЦКОСКИ НЕМА ДА ОРГАНИЗИРА ЛИДЕРСКА СРЕДБА СО ФИЛИПЧЕ Премиерот во моментов не гледа причина за состанок со опозицискиот лидер

Доколку има потреба од таква лидерска средба, не гледам зошто не би ја организирале. Но, во моментот не гледам причина зошто би ја организирале таа средба, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ја прифати поканата од Венко Филипче за нова лидерска средба. 

405

Премиерот Христијан Мицкоски нема да го повика претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче на нова лидерска средба. Рече дека не гледа потреба од организирање таква средба.

– Често ме канат на лидерски средби. Ние имавме една лидерска средба со господинот Венко Филипче. Доколку има потреба од таква лидерска средба, не гледам зошто не би ја организирале. Но, во моментот не гледам причина зошто би ја организирале таа средба – рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ја прифати поканата од Филипче за нова лидерска средба.






Претседателот на СДСМ вчера повика за лидерска средба на која би се детерминирале црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за клучните државни прашања. Тој оцени дека е пораз на Владата тоа што во Европскиот Парламент беше изгласан Извештајот за напредокот на Македонија без термините македонски јазик и идентитет.

– Натпартиски консензус е единствено можно решение за клучните прашања, но за тоа да се направи треба да се седне и да се разговара. Подготвен сум во кој било момент да седнеме да разговараме и да видиме како ќе продолжиме напред. Зошто не прифаќаат средба кога толку повикуваат на национално единство? Јас сум подготвен да ги детерминираме црвените лини и да го продолжиме европскиот пат. Имаме очигледно различни позиции, јасно е тоа и жалам што е така, но треба да почнеме со решавање на проблемите – рече Филипче во гостување на Канал 5.

Според него, проблемот со Бугарија нема да го решиме ни брзо, ни лесно, но прашањето е дали додека го решаваме ќе стагнираме.

Филипче предложи да има референдум за тоа дали сме подготвени да го продолжиме европскиот пат.

Поврзани содржини