ИГОР КОЈИЌ СЕ ОГЛАСИ ПО ВЕСТА ЗА РАЗВОДОТ  Еве што рече за бракот со Софија, кој заврши по пет месеци

По веста дека синот на српскиот фолк пејач Драган Којиќ Кеба, се разведува само пет месеци по венчавката, Игор Којиќ конечно проговори за медиумите.

2,209

По веста дека синот на српскиот фолк пејач Драган Којиќ Кеба, се разведува само пет месеци по венчавката, Игор Којиќ конечно проговори за медиумите, пишува српски „Телеграф“.

Иако долго време се шпекулираше за кризата во неговиот брак со Софија Дачиќ, сега сè е потврдено.






Како што претходно пишуваа српските медиуми, Игор и Софија имале бројни несогласувања и конфликти во последните два месеци, кои не можеле да ги надминат.

Иако го изговорија судбоносното „да“ во јануари по само 10 дена врска, бракот не траеше ниту половина година.

Којиќ на прашањето за разводот кратко рекол:

– Навистина немам што да кажам, знаете дека својот приватен живот не го коментирам – кратко рекол Игор за српски „Информер“.

На почетокот, тие секојдневно објавуваа заеднички фотографии и пораки за љубов, а потоа сè замолкна.
Софија продолжи да излегува и да патува без својот сопруг, додека Игор се повлече и се посвети на новиот бизнис, продавајќи луксузни недвижности.

Иако нивниот брак започна како бајка, реалноста брзо ги демантираше. Денес, извори блиски до двојката тврдат дека тие одлучиле да се разделат, и тоа со заедничка согласност.

Игор и Софија се венчаа на 3 јануари 2025 година, а тогаш нагласија дека нивната љубов е вистинска и силна. Сепак, времето покажа дека разликите сепак не можеле да се надминат.

 

Поврзани содржини