ВОЈНАТА ВО УКРАИНА СЕ ВЛЕЧЕ, ЦИВИЛИТЕ ПЛАЌААТ Калас предупредува дека мирот не смее да чека 50 дена

Европската Унија го поздравува цврстиот став на САД кон Русија, но предупредува дека секој ден одложување значи повеќе цивилни жртви во Украина.

441

Рокот од 50 дена што американскиот претседател Доналд Трамп ѝ го даде на Русија за постигнување договор околу завршување на војната во Украина, беше оценет како „предолг“ од страна на високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Каја Калас.

– Многу е позитивно што претседателот Трамп зазема цврст став кон Русија. Но, од друга страна, 50 дена се премногу кога гледаме дека секој ден гинат невини цивили – изјави Калас денеска пред новинарите.






Нејзината изјава доаѓа откако претседателот Трамп се сретна со генераленлниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа. На средбата, Трамп повторно се закани дека ќе воведе многу строги царини за Русија и нејзините сојузници, доколку не биде постигнат договор за прекин на војната во рок од 50 дена.

Освен тоа, САД планираат и воведување на т.н. „секундарни санкции“ за сите земји кои ќе продолжат да купуваат руска нафта.

Поврзани содржини