150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ЗАВРШИЛЕ КАЈ БИЗНИСИТЕ Наскоро ќе се потпишат договорите со општините за вториот повик

Премиерот Христијан мицкоски рече дека реализацијата на палнот кај општините е пониска.

107

В четврток ќе се одржи состанокот со општините на кој ќе бидат потпишани договорите од вториот јавен повик за кредитирање на проекти за развој на општините од унгарскиот заем, по што тие ќе можат да објавуваат огласи за проектите, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека повеќе од  150 милиони евра од унгарскиот кредит преку комерцијалните банки се префрлени кај бизнисот, а за локалните самоуправи годинава се предвидени околу 200 милиони евра.






Реализацијата кај општините е нешто помала од очекуваната.

-До овој момент околу 500 милиони евра од унгарскиот кредит се потрошени за да се врати еврообврзницата подигната во 2018 година. Последната информација што ја имам, поврзана со кредити кон стопанството, е дека таа бројка е над 150 милиони евра кои се доделени преку комерцијалните банки во бизнисот, а за општините во Буџетот за годинава имаме предвидени околу 200 милиони евра – рече Мицкоски.

Со вториот повик за општините и потпишувањето на договорите се заокружува вкупната сума од унгарскиот кредит.

Поврзани содржини