НА ТАБАНОВЦЕ СЕ ЧЕКА 40 МИНУТИ На останатите гранични премини нема гужва

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

69

На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возилa, времето на чекање е околу 40 минути, соопшти утрово Автомото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини