ЉУТКОВ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СПРЕЧИ СТРАНСКИ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ ДА ЈА КАЖУВААТ НАШАТА ИСТОРИЈА Формирана е работна група која ќе нуди решенија за проблемите на водичите

Работна група е составена од претставници од секторот туризам вои Министерството, Македонска асоцијација на туристички водичи и продружници, Здружението на туристички водичи (ЗТВПМ), како и од експерти и претставници од високообразовните институции кои стручно ќе ги квалификуваат идните туристички водичи и придружници.

1,436

Законските пропусти со кои се овозможува странски туристички водичи да ја кажуваат македонската култура и истирија конечно дојдоа на ред во државните институции. Проблемот беше издвоен како приоритетен на денешната седница на работната група која е формирана во рами  на Министерството за култура и туризам. Групата треба да ги идентификува и да предложи решенија на сите проблеми со кои се соочуваат туристичките водичи.

Работна група е составена од претставници од секторот туризам вои Министерството, Македонска асоцијација на туристички водичи и продружници, Здружението на туристички водичи (ЗТВПМ), како и од експерти и претставници од високообразовните институции кои стручно ќе ги квалификуваат идните туристички водичи и придружници.






Туристичките водичи од Македонија, на седницата, изнесоа јасни и конкретни барања за подобрување на условите за работа, со цел стандардизација на дејноста и унапредување на туристичката понуда на државата.

Министерот Зоран Љутков кој учествуваше во дискусијата нагласи дека инвестирањето во квалитетот и професионалноста на туристичките водичи е еден од најважните чекори за развој и позиционирање на Македонија како конкурентна и атрактивна туристичка дестинација.

-Акцентиравме проблеми кои се резултат на одредени слабости во регулативата поради кои професијата туристички водич не е на нивото кое го заслужува, а со тоа квалитетот и конкурентноста на туристичкиот производ не достигнува задоволителен стандард. Овие слабости овозможуваат водичи од различни држави да ги презентираат културните добра, традиционалните културни вредности гледани низ нивните наочари, тука е и слабата заштита на домашните туристички водичи. Одлучивме да ги отстраниме овие слабости и да ги заштитиме домашните туристички водичи, за таа цел формирани се стручни работни групи – рече Љутков.

Меѓу приоритетните задачи на кои се работи во министерството околу оваа дејност се усвојување поквалитетни стандарди за едукација на стручни и професионални водичи, подигнување на квалитетот на туристичките услуги и  основање на туристичка инспекција со широки надлежности која ќе ги спречи нелиценцираните водичи и неовластеното вршење на дејноста, со што ќе се заштитат професионалците и ќе се зачува угледот на туристичката индустрија.

Приоритет е и координација и усогласување на законската регулатива во насока на јасен и ефикасен правен систем за унапредување и заштита на професијата туристички водич, какои заштита на државата од ширење на невистини и искривување на историјата и културното наследство, со цел зачувување на веродостојноста и интегритетот на културните вредности.

Поврзани содржини