МАКЕДОНИЈА СО СКОК ОД ПЕТ МЕСТА НА ФИФА ЛИСТАТА Белгија и Казахстан ни донесоа бодови и респект

Македонската фудбалска репрезентацијата се искачи на 62 позиција по одличниот настап, Аргентина останува лидер, Хрватска се врати во Топ 10.

203

Македонската фудбалска репрезентација се искачи за пет места на најновата ранг-листа на ФИФА, која беше објавена денеска и се наоѓа на 62 позиција.

Напредокот на ФИФА рангирањето е поврзано со успешниот настап во мундијалските квалификации во јуни во кои Македонија одигра нерешено 1-1 против фаворитот Белгија во Скопје, а триумфираше на гостински терен над Казахстан со 1-0.






На најновата ранг-листа на ФИФА, Хрватска се врати во Топ 10, истиснувајќи ја Италија, која сега е на 11 позиција со пад од две места. Португалија се искачи за едно место и сега е на шестата позиција, додека Холанѓаните паднаа на седмото место.

Белгија остана на осмата позиција, додека на самиот врв нема промени и актуелниот светски шампион Аргентина сè уште го држи првото место пред Шпанија и Франција. Англија остана на четвртото, а Бразил на петтото место.

Поврзани содржини