📷 МЕЛ БИ ОД „СПАЈС ГРЛС“ СЕ ОМАЖИ СО СВОЈОТ ФРИЗЕР Пејачката се венча во истата црква во која се венчаа принцезата Дијана и принцот Чарлс

Поранешната „Спајс грлс“ Мел Би (50) се омажи за фризерот Рори Мекфи (37) во Лондон овој викенд.

633

Поранешната „Спајс грлс“ Мел Би (50) се омажи за фризерот Рори Мекфи (37) во Лондон овој викенд.

Мел Би носеше венчаница која по мерка и ја направи Џозефин Скот за нејзината свадба, а подоцна се пресоблече во фустан од дизајнерот Џастин Александар.

 







По церемонијата следеше прием со ѕвезди во хотелот „Шангри-Ла“ во „Шард“. На свадбената забава се појави само една колешка од бендот „Спајс грлс“, Ема Бантон, но се појавија и бројни други ѕвезди како Кара Делевин, Кетрин Рајан и Дејзи Лоу.

Трите ќерки на Мел Би беа нејзини деверуши. Пејачката има ќерка Феникс (26) со својот прв сопруг Џими Гулзар. Поранешната двојка беше во брак од 1998 до 2000 година. Втората ќерка на Мел Би, 18-годишната Ангел Ирис, е од нејзината врска со Еди Марфи. Најмладата ќерка Медисон (13) е од нејзиниот брак со Стивен Белафонте, со кого Мел Би беше во брак од 2007 до 2017 година.

На Мел Би ѝ беше дозволено да се венча во катедралата Свети Павле, истата црква каде што принцезата Дајана и тогашниот принц Чарлс се венчаа во јули 1981 година, бидејќи во 2022 година доби одликување да стане член на Редот на Британското Царство (МБЕ) за својата работа за подигање на свеста за проблемите со семејното насилство, пишува списанието „Пипл“.

– Тоа е голема работа затоа што кога ќе се венчате таму, не смеат многу луѓе се венчаваат таму. Мора да бидете некако посебни – рече Мел Би пред два месеци во емисијата „Вечерно шоу“ на Џими Фалон.

 


Свадбата се одржа неколку недели откако пејачката ја прослави својата моминска забава покрај морето со своите најблиски пријатели. Тие се свршија во 2022 година додека беа на одмор во Беркшир, по три години врска.

– Тој рече: „Те сакам, ти си ми најдобрата пријателка и сакам да го поминам остатокот од животот со тебе“. Имаше ливчиња од роза насекаде, каминот, хотелот. Беше многу романтично – рекла Мел Би по свршувачката. Иако рекла дека нема да се премажи по два развода, Мекфи и го променил мислењето.

– Реков дека никогаш повеќе нема да се мажам, дека никогаш нема да бидам во врска, дека ми е добро сама. И потоа… Никогаш не можеш да кажеш никогаш, нели? – рекла пејачката.

 

Поврзани содржини