ВЕДНАШ ПУШТЕТЕ ВОДА ИЛИ ИЗЛЕГУВАМЕ НА ПРОТЕСТ Стефковски со остра порака до Водовод

285

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, преку својот профил на социјалните мрежи се обрати до граѓаните по однос на проблемот со недостатокот на вода за пиење.

Како што пишува Стефковски, населените места Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто се оставени без вода за пиење поради недостаток на колични на вода.






Во услови на екстермно високи температури, ваквата состојба е не само недозволива, туку и срамна. Ги потсетувам Град Скопје и ЈП Водовод и канализација дека не постојат сами за себе, туку за граѓаните. Како градоначалник избран од народот им порачувам: проблемите на граѓаните се и мои проблеми. – напиша Стефковски.

Тој упати апел за итно постапување, интервенција и изнаоѓање решение, а во спротивно најави дека ќе ги поддржи граѓаните во превземањето на сите демократски методи и најави можна организација на протести.

„Затоа денес, јавно и јасно упатувам апел за ИТНО постапување. Бараме итна интервенција и решение! Доколку оваа состојба не се реши веднаш, ќе го поддржам народот во превземањето на сите демократски методи. Ќе излеземе на улица!

Институциите кои молчат ќе се соочат со гневот и незадоволството на граѓаните. Нема да дозволам никој да биде оставен без вода во 21 век, во главниот град на Македонија!

Ова не е политичко прашање – ова е прашање на живот. Граѓаните заслужуваат почит, а не игноранција“, порача Стефковски.

Поврзани содржини