УАПСЕН 25-ГОДИШНИКОТ КОЈ СО „КАВАСАКИ“ УСМРТИ ПЕШАК НА ЛЕНИНОВА Ќе добие пријава по брза постапка

По идентификацијата и разговорот во полициска станица во СВР Скопје, Ф.Љ. денеска бил лишен од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи.

11,213

Уапсен е скопјанецот Ф.Љ. (25) кој пред два дена со мотор усмрти пешак на пешачка патека во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, младиот моторџија на 1 јули околу 19.30 часот на пешачка патека кај Ленинова, со мотоцикл „кавасаки“ удрил во  68-годишниот Ј.Н. и побегнал.






Ј.Н. подоцна им подлегнал на повредите во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

По идентификацијата и разговорот во полициска станица во СВР Скопје, Ф.Љ. денеска бил лишен од слобода. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка во координација со јавен обвинител.

Поврзани содржини