САМО ЕДНА ИСКРА, ЦЕЛА ШУМА ВО ПЛАМЕН Приведен радовишанец кој предизвикал пожар додека заварувал

Пожар избувнал кај „Градска река“ откако 45-годишник од Радовиш користел апарат за заварување на отворено, брзата интервенција на пожарникарите спречила поголема катастрофа.

373

Пожар зафатил нискостеблеста шума во атарот на Радовиш откако локален жител користел апарат за заварување на отворено во ек на горештини, информираше денеска СВР Струмица.

Инцидентот се случил на 2 јули 2025 година околу 13:00 часот, на место викано „Градска река“, кога 45-годишниот Р.И. од Радовиш, користејќи апарат за заварување, предизвикал искрење што запалило сува трева. Пожарот веднаш се проширил, зафаќајќи и нискостеблеста шума.






Благодарение на брзата реакција на Територијалната противпожарна единица Радовиш, огнот бил локализиран и изгаснат пред да предизвика поголема штета или да се прошири кон населени места.

„Полициски службеници веднаш го лишија од слобода лицето Р.И. и го известија надлежниот јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од СВР Струмица.

Од ЦУК и МВР деновиве апелираат до граѓаните да се воздржат од користење отворен пламен, апарати за заварување или друг вид активности што можат да предизвикаат пожари во природа, особено во периоди со високи температури и суво време.

Поврзани содржини