РЕКОРДНА ПОТРОШУВАЧКА НА ВОДА ВО СКОПЈЕ Само во еден ден потрошени 356.000 кубни метри
Од Водовод апелираат граѓаните совесно и рационално да ја користат водата.
Топлото време ги натера скопјани да трошат повеќе вода од вообичаено. Јавното преттпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ информира дека потрошувачката осебено се зголемува во попладненвите часови.
Официјалните податоци од мерењата на претпријатието покажуваат дека само на 23 јули дневната потрошувачка на вода изнесувала рекордни 356.000 кубни метри, што значи потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител.
Од Водовод апелираат граѓаните совесно и рационално да ја користат водата.
– Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени – велат од Водовод.
Доколку пак се забелеѓи диви приклучоци да се пријави во претпријатието на телефон 02 3073 010.