КОЈА Е ЦЕЛТА НА ФИЛИПЧЕ СО РАЗГОРУВАЊЕТО ТЕНЗИИ? Народот заслужува да ја знае вистината, порача ВМРО-ДПМНЕ

298

Веќе трет ден изминува, а СДСМ и Венко Филипче уште громогласно молчат. Ги нема збор да кажат, да го осудат или да се дистанцираат од јавните закани по живот на новинар од страна на нивниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

„Нивниот молк е доказ дека зад заканите и говорот на омраза на Костадинов кон новинарот, стојат токму Филипче и неговиот ментор, Зоран Заев. До некаде, молкот на Филипче и не изненадува толку. Затоа што, тоа Костадинов се охрабрува и зема сила јавно да се заканува со ликвидација на новинар, е и директно мотивирано токму од Венко Филипче. Затоа што тој креира и шири атмосфера на паника, страв и хаос, со цел дестабилизација, како што беше и примерот со неговиот советник во Кочани. Тоа што СДСМ и Филипче не се оградија од Костадинов, говори дека со таквиот однос сакаат да мотивираат и други да го направат истото. На очајниот Венко Филипче не му останува друг начин да го привлече вниманието на јавноста, па ги пушта своите пулени и послушници, како Костадинов, да сеат страв и да разгоруваат тензии. Ваквото примитивно однесување и јавни закани од избрани функционери, не смее да поминат неказнето. Затоа, очекуваме и го повикување Јавното обвинителство да го процесуира случајот и да отвори постапка против струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов. Од друга страна, пак, се ближат избори и народот заслужува да знае кој е Венко Филипче, затоа бараме јавно да појасни што точно застапува и која му целта“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини