🎥 МОМЕНТ НА УЖАС НА КОНЦЕРТОТ Бијонсе ќе паднела од летечкиот автомобил, настапот бил нагло прекинат
Музичката дива Бијонсе доживеа речиси фатална несреќа на концертот во Хјустон во саботата, кога речиси падна од висечки автомобил, поради што го прекина својот настап.
Музичката дива Бијонсе доживеа речиси фатална несреќа на концертот во Хјустон во саботата, кога речиси падна од висечки автомобил, поради што го прекина својот настап.
Додека ја изведуваше песната „16 Carriages“ во автомобилот што висеше во воздухот, црвениот кабриолет одеднаш се навали настрана, а застрашувачкиот момент се прошири на социјалните мрежи.
„Застанете“, почнала да вика Бијонсе, па повторувала неколкупати за се прекине концертот, со призвук на паника во нејзиниот глас. Публиката замолкнала за момент, а потоа почнала да вика и да навива.
her shaky voice i’m crying pic.twitter.com/iARumBS1JW
— autumn 𐚁 (@leviisbey) June 29, 2025
Кабриолетот, кој бил прицврстен со кабли, полека бил спуштен на сцената, а Бијонсе, и покрај застрашувачкиот момент, успеала да се смири. Откако била на безбедно, накратко ја напуштила сцената, а потоа се вратила за да го заврши настапот.
Бијонсе продолжила да ја изведува песната и им се заблагодарила на своите обожаватели за нивната поддршка, а бројни обожаватели ја пофалија нејзината реакција во коментарите на социјалните мрежи.
.