ПЕНЗИОНЕРИТЕ МОЖАТ ДА УДРАТ ЈАЈЦА НА МАСЛО И ПО ЕДНО ЕСПРЕСО Колку вредат пензиите во Македонија во споредба со Србија, Бугарија, Албанија и со Хрватска?
Колку станбени квадрати, литри бензин, киловатчасови струја, килограми пилешко месо, литри сончогледово масло, јајца и еспресо кафиња можат да купат пензионерите во овие балкански земји со своите просечни пензии?
Анализата, во која Плусинфо минатата недела ги спореди најновите достапни податоци за платите во Македонија, Србија, Бугарија, Албанија и во Хрватска и прикажа колку станбени квадрати, литри бензин, киловатчасови струја, килограми пилешко месо, литри сончогледово масло, јајца и еспресо кафиња можат да купат вработените во овие балкански земји со своите просечни плати, предизвика различни коментари.
Во истражувањето нагласивме дека платите не се единствените примања на населението во овие земји. Тука се и пензиите, за кои рековме дека во Македонија се значително повисоки од повеќе земји во регионот. Во меѓувреме, ги собравме најновите достапни податоци за просечните старосни пензии во овие земји и ги „пресметавме“ во истите производи како и платите, со цел сликата за куповната моќ на населението да биде што пореална. При тоа, треба да се има предвид дека станува збор за земји кои „стареат“, како и другите европоски земји, а тоа значи дека бројот пензионери е висок и постојано расте.
- Колкави се пензиите?
Податоците до кои дојдовме делумно ја оправдуваaт нашата претпоставка дека македонските пензионери можат да се пофалат со пензии приближно на исто рамниште со тие во регионот, а и повисоки од некои земји. Просечната пензија во Македонија во март била 430 евра, а тоа значи дека е повисока од таа во Србија и во Албанија, малку пониска од пензијата во Бугарија (изненадување за истражувачите) и позначително пониска од таа во Хрватска (таму имаме податок за априлската пензија). Еве ги бројките:
Овие пензии ги споредивме со цените на повеќе производи, занемарувајќи го нивниот вообичаен скок во екот на туристичката сезона. Да повториме дека за некои производи (цената на станбениот квадрат, на пример), освен официјално достапни податоци, консултуиравме и анализи на медиумите од регионот. Цените на прехранбените производи ги пронајдовме на сајтовите на големите синџири маркети („Конзум“ во Хрватска, „Рода“ и „Лидл“ во Србија, „Шпар“ во Албанија итн). И секако, да го повториме и тоа дека нашето истражување на цените може да има и непрецизности. Првото истражување покажа дека читателите, за среќа, немаа позначителни замерки на тој аспект на анализата.
- Со годишната македонска просечна пензија – најмногу станбени квадрати
Ако ги изразиме просечните годишни пензии (на нивото според нивниот актуелен износ) во квадратни метри станбена површина во централните градски подрачја на метрополите на петте балкански држави, ќе ги добиеме следните резултати:
Математиката е јасна: годишната просечна пензија во Македонија може да се изрази во 3 метри квадратни станбен простор во централното градско подрачје на матрополата и според тој показател, македонските понзионери се „најбогати“ во споредба со пензионерите од другите четири балкански земји. Овде сакаме да нагласиме дека просечната пензија во Албанија е ниска и под сите наши очекувања, но износот од 190 евра се спомнува во повеќе анализи на респективни албански медиуми.
- Македонските пензии изразени во бензин и во струја – највисоки на Балканот
Цената на горивата во Македонија е неспоредливо најниска во регионот. Минатата недела регистриравме цена од 1 литар безоловен бензин од 98-100 октани. Следната најниска цена ја забележавме во Бугарија – 1,45 евра. Споредено со просечните месечни пензии, ги добиваме следнте резултати:
Значи, просечната месечна пензија во Македонија, изразена во литри гориво (безоловен бензин од 98-100 октани), е повисока од сите други земи, освен од Хрватска. Разликата меѓу Македонија и Хрватска е мала.
Споредбата на просечните пензии со цената на струјата за домаќинствата – која во Македонија е апсолутно најниска во регионот (ние ја утврдивме на 0,032 евра за 1 киловатчас) – го покажува следново:
Заклучокот се наметнува само по себе: ако се изразат во најважните енергенси што ги трошат домаќинствата, македонските пензии се повисоки од тие во Србија, Бугарија, Албанија и во Хрватска.
- Македонските пензионери можат да си дозволат повеќе од леб и кисело млеко
Сликата за куповната моќ на македонските пензионери се менува на полошо кога ќе почнеме да ги изразуваме просечните пензии во килограми и литри производи што можат да се купат со нив. Но, не толку драстично како што беше случајот со платите. Со просечната месечна пензија, Македонецот може да купи 72 килограми пилешко месо – поради ниската пензија, пензионерот во Албанија е во многу полоша состојба, но пензионерот во Хрватска во битно подобра:
Сличен сооднос добивме и кога ги споредивме пензиите изразени во литри сончогледово масло за јадење:
Кај јајцата ситуацијата е малку поинаква, поради високите цени во Софија и во Тирана (2,45 и 2,74 евра за пакување од 10 јајца). Според податоците, со просечната македонска пензија можат да се купат повеќе пакувања од 10 јајца отколку во другите земји, освен Хрватска:
Изразувањето на месечната пензија во еспресо кафиња во рестораните покажува дека македонските пензионери тука се шампиони во регионот:
- Не сме богати, но популизмот и административната контрола на цените водат во еден веќе виден, многу грд „филм“
Примањата на пензионерите во Македонија – кои, како што е најавено, би можеле да се зголемат во септември – битно ја менуваат сликата на куповната моќ на вкупното население во нашата земја. Во одговор на критиките дека со ваквите споредби создаваме погрешна, или дури и „розова“ слика на стварноста, би сакале да го кажеме мислењето на истражувачите дека луѓето во Македонија, но и во другите земји кои беа опфатени со истражувањето, се сиромашни. А сите ги споделуваме желбите платите и пензиите да бидат повисоки, а цените – пониски.
Но, сето тоа мора да има основа во реалната економија, бидејќи во спротивно се засилуваат инфлаторните притисоци, кои водат во „филмот“ кој повозрасните (пензионерите, на пример) еднаш го имаат видено во поранешна Југославија – тогаш кога неоправданите зголемувања на примањата и робустната административна контрола на цените заврши со хиперинфалција, недостиг на основните прехранбени производи, снадбување со бонови, редици пред самопослугите и пред бензиските пумпи, со целосен распад на економијата, а подоцна и со распад на државата.
Македонија живее во еден поинаков „филм“, на овој или на оној начин повеќе од три децении одржува макроекономска стабилност. Лесно ќе се согласиме дека тој „филм“ и не баш некој живот, туку повеќе – преживување. Но, кога веќе се споредуваме со другите земји, редно е споредбите да бидат реални. Желбите и очекувањата не мора да се такви.