🎥 ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ СНИМКА ОД УБИСТВОТО НА КОМАНДАНТОТ НА ИРАНСКАТА ГАРДА Шахријари возеше автомобил и одеднаш – го снема!

Шахријари, кој бил истовремено дел од елитната единица Кудс, настрадал во прецизен напад извршен од страна на Израелските одбранбени сили (ИДФ) на територија во западен Иран, повеќе од 1.000 километри оддалечено од израелската граница.

3,327

Министерството за надворешни работи на Израел објави видео-снимка од ликвидацијата на висок припадник на Иранската револуционерна гарда – Бехнам Шахријари, кој раководел со единицата задолжена за логистика и трансфер на оружје.

Шахријари, кој бил истовремено дел од елитната единица Кудс, настрадал во прецизен напад извршен од страна на Израелските одбранбени сили (ИДФ) на територија во западен Иран, повеќе од 1.000 километри оддалечено од израелската граница.






Според официјалното соопштение, тој бил една од најважните алки во мрежата преку која иранскиот режим обезбедувал оружје за своите сојузнички вооружени групи низ регионот. Шахријари наводно го координирал преносот на оружје и средства во вредност од стотици милиони долари годишно, со цел спроведување на политиката на Иран против Израел.

Неговата улога, се нагласува, не била само логистичка туку и оперативна – активно учествувал во обезбедувањето на ресурси за групи кои во минатото извршиле напади врз израелски цели, предизвикувајќи човечки жртви меѓу цивили и воен персонал.

Поврзани содржини