(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА) БРУТАЛНО ПРЕТЕПАН СВЕШТЕНИК НА УКРАИНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Го удирале, го влечеле по земја и го фрлиле преку ограда

Екстремистите од ПЦУ го удирале со раце и нозе, го влечеле по земја полумртов, а потоа го фрлиле преку ограда висока три метри. Подоцна, тој бил хоспитализиран со амбулантно возило.

1,050

Свештеникот на Украинската Православна Црква, протојереј Роман, беше претепан од екстремисти, поддржувачи на ПЦУ (Православната Црква на Украина, чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија) во близина на соборниот храм во градот Черонвци, во Украина, при неодамнешниот напад и обид за одземање на храмот, пренесе Литургија.

Украинските црковни медиуми известуваат дека отец Роман моментално е во тешка состојба.






Екстремистите од ПЦУ го удирале со раце и нозе, го влечеле по земја полумртов, а потоа го фрлиле преку ограда висока три метри. Подоцна, тој бил хоспитализиран со амбулантно возило.

Се известува дека компјутерската томографија покажала дека отец Роман има скршени ребра и повредени бели дробови. Ставена му е цевка за дишење.

Исто така, свештеникот има скршен нос. Медицинскиот тим констатира и други бројни повреди – на срцето, градниот кош, карличните органи и ногата.

Снимката погледнете ја ТУКА.

Поврзани содржини