ЖЕНА ЗАГИНАЛА, А ТРИ ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО НЕСРЕЌАТА ВО ОХРИД Уапсен 22-годишниот возач кој излетал од кружниот тек и удрил во пешаците
Како што информираат од СВР Охрид за Плусинфо, патничко возило марка „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот И.С. од село Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, најпрво удрило во метален столб, а потоа и во двајцата пешаци – А.Б. (45) од Охрид и Д.П. (52) од Скопје.
Жена на возраст од 45 години од Охрид загина, а три други лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 22:30 часот во Охрид, во близина на кружниот тек кај крстосницата меѓу булеварот Туристичка и улицата Јане Сандански.
Како што информираат од СВР Охрид за Плусинфо, патничко возило марка „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот И.С. од село Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, најпрво удрило во метален столб, а потоа и во двајцата пешаци – А.Б. (45) од Охрид и Д.П. (52) од Скопје.
Жената била итно префрлена во Специјалната болница „Св. Еразмо“, каде што лекарите констатирале смрт. Скопјанецот Д.П. се здобил со тешки телесни повреди, а и возачот и неговиот 19-годишен сопатник К.М. добиле повреди, констатирани во охридските болници.
– Несреќата се случила кога возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитен столб и завршил на пешачка зона, каде што ги удрил двете лица. Се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на настанот – изјави за Плусинфо портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По наредба на јавен обвинител, 22-годишниот возач И.С. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 2 од Кривичниот законик – „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. На местото на настанот извршен е увид од страна на полициска екипа.
ТРАГЕДИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД Жена загинала кога автомобил излетал од кружен тек и удрил во неа