ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ОПШТИНИТЕ, ЗДРАВСТВОТО, ЗА ПЕНЗИИ И ЗА ПЛАТИ Владата денеска ќе го разгледува ребалансот на буџетот
Премиерот Хрстијан Мицкоски повеќе детали за содржината на ребалансираниот буџет најави по седницата на вадата.
На седница на Влада денеска ќе се разгледува ребалансот на Буџетот, најави премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашање каде ќе се крати и каде ќе има повеќе пари со новиот ребаланс. Тој истакна дека во новиот ребаланс на буџетот ќе има повеќе пари за општините, повисоки плати, пензии, како и за здравството.
-Таму се средствата за оние проекти, коишто се во рамки на единиците на локална самоуправа, средства за повеќе субвенции, повисоки плати, пензии и здравство.. Но, после да речеме по усвојување на Предлог буџетот во прво читање во рамките на владината седница ќе биде тоа претпоставувам објаснето пред медиумите – рече Мицкоски.