РЕНОВИРАЛ ДОМA И МОЖЕЛ ДА СИ ГО РАЗНЕСЕ ДОМОТ Кавадарчанец пронајде 18 парчиња експлозив скриени во ѕидот
Од МВР засега не соопштуваат од кога потекнува експлозивот, ниту дали куќата била користена од други лица во минатото.
Шокантно откритие го вознемири 39-годишниот жител на Кавадарци, кој при реновирање на неговиот дом пронашол 18 парчиња стар експлозив и два стари фитили вградени во ѕидовите на куќата.
Како што информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес, случајот бил пријавен синоќа околу 20:40 часот во ОВР Кавадарци од страна на лицето Н.М. По пријавата, на местото излегле пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување, кои безбедно ги отстраниле сомнителните предмети. Извршен бил и увид од полициска екипа.
Од МВР засега не соопштуваат од кога потекнува експлозивот, ниту дали куќата била користена од други лица во минатото.