„ИЗВИНИ ДОНАЛД, НО ИМАМ ДРУГИ ОБВРСКИ“ Индискиот премиер го откачи Трамп поради посета на балканска земја

Трамп го поканил индискиот премиер Нарендра Моди да ги посети Соединетите Американски Држави по завршувањето на самитот на Г-7 во Канада, но Моди ја одбил поканата.

2,776

Индискиот државен секретар за надворешни работи Викрам Мисри денес потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп го поканил индискиот премиер Нарендра Моди да ги посети Соединетите Американски Држави по завршувањето на самитот на Г-7 во Канада, но дека Моди ја одбил поканата.

– Претседателот Трамп го прашал премиерот Моди дали може да ги посети Соединетите Американски Држави по враќањето од Канада, но премиерот објаснил дека тоа не е можно поради веќе договорените активности – рече Мисри.






Наместо во Вашингтон, Моди отпатува во Хрватска, станувајќи првиот индиски премиер што го сторил тоа.

– Мојата посета на Хрватска претставува историска можност за зајакнување на врските со оваа ценета земја-партнер – изјави Моди на „X“.

За време на посетата, тој најави средби со претседателот Зоран Милановиќ и премиерот Андреј Пленковиќ.

Моди, исто така, му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп доцна во вторникот дека прекинот на огнот меѓу Индија и Пакистан по четиридневниот застој во мај е постигнат преку разговори меѓу двете армии, а не преку посредништво на САД, потврди индискиот министер за надворешни работи.

– Премиерот Моди му стави до знаење на претседателот Трамп дека во овој период немало дискусии во ниту една фаза за прашања како што се трговски договор меѓу Индија и САД или посредништво на САД меѓу Индија и Пакистан – рече индискиот министер за надворешни работи.

Поврзани содржини