🎥 ИЗРАЕЛ НАПАДНА НУКЛЕАРНИ ЦЕЛИ ВО ИРАН Хамнеи испрати повеќе од 100 дронови кон Тел Авив

Американскиот претседател Доналд Трамп свикал состанок на кабинетот, а во изјава за „Фокс њуз“ рече дека знаел дека Израел ќе изврши напади врз Иран пред тие да се случат и нагласи дека Техеран „не може да има нуклеарна бомба“.

754

Израел утрово соопшти дека го нападнал Иран, а иранските медиуми објавија дека во Техеран се слушнале експлозии. Нападот е извршен зголемуваат тензиите околу напорите на САД да обезбедат согласност од Иран за запирање на неговата нуклеарна програма. Најмалку двајца команданти на Револуционерната гарда беа убиени во нападите, вклучувајќи ги и оние врз главниот град Техеран

Израел соопшти дека прогласува вонредна состојба во очекување на напади со ракети и беспилотни летала од страна на Техеран.






Израелски воен претставник изјави дека Израел напаѓа „десетици“ нуклеарни и воени цели. Меѓу нив е и нуклеарниот реактор Натанз, кој е клучен за нуклеарната програма на Иран. Таму се наоѓаат голем број центрифуги за збогатување на ураниум, вклучувајќи напредни модели што ги користи Иран за да постигне нивоа на чистота на ураниум до 60% – многу блиску до нивото потребно за производство на нуклеарно оружје. Поради оваа причина, Натанц со години е под строг надзор на инспекторите на МААЕ, но исто така е и постојана цел на израелски напади и саботажи.

Објектот е изграден и надграден под земја за да биде поотпорен на воздушни напади, но експлозиите потврдени утрово од ирански и израелски извори сугерираат дека бил погоден и покрај овие заштитни мерки.

МААЕ потврди дека објектот Натанз е меѓу целите што ги таргетира Израел во неговата најнова воена операција и дека е во контакт со иранските власти за да утврдат можни промени во нивоата на зрачење.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека нападите што почнаа утринава имаат за цел „да ја оштетат нуклеарната инфраструктура на Иран, фабриките за балистички ракети и голем број воени капацитети“.

Во однапред снимена изјава објавена на ЈуТјуб, тој рече:

„Оваа операција ќе трае колку што е потребно за да се одбие заканата од уништување што се надвиснува над нас“.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел ќе биде „строго казнет“ по нападот утринава врз нуклеарната програма на Иран, во кој загинаа неколку воени команданти.

„Утрово, ционистичкиот режим (Израел) ја ослободи својата зла и крвава рака во злосторството против Иран и ја откри својата подла природа. Со овој напад, ционистичкиот режим си подготви горчлива судбина, која дефинитивно ќе ја добие“, нагласи Хамнеи во соопштението.

Иранските медиуми објавија дека иранската армија упатила 100 дронови кон Израел.

Во израелските напади врз Иран изврпени утрово, повредени се најмалку 50 луѓе, вклучувајќи жени и деца, јави Иранската телевизија.

„По израелскиот напад, околу 50 повредени лица беа префрлени во болницата Чамран (во Техеран), од кои најмалку 35 се жени и деца“, соопшти радиодифузерот. Засега нема извештаи за убиени цивили во нападите.

Има информации и дека најмалку двајца команданти на Револуционерната гарда беа убиени во нападите, вклучувајќи ги и оние врз главниот град Техеран.

Си-Ен-Ен објави дека американскиот претседател Доналд Трамп свикал состанок на кабинетот.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за „Фокс њуз“ дека знаел дека Израел ќе изврши напади врз Иран пред тие да се случат и нагласи дека Техеран „не може да има нуклеарна бомба“.

-Иран не може да има нуклеарна бомба и се надеваме дека ќе се вратиме на преговарачката маса. Ќе видиме – рече Трамп..

Поврзани содржини