📷 БРЕД ПИТ ГИ ПОЛУДЕ ОБОЖАВАТЕЛКИТЕ Актерот го покажа новиот имиџ на премиерата на „Ф1“

Холивудскиот актер Бред Пит (61) завчера присуствуваше на премиерата на својот нов филм „Ф1“ во Мексико Сити.

702

Холивудскиот актер Бред Пит (61) завчера присуствуваше на премиерата на својот нов филм „Ф1“ во Мексико Сити.

Миленикот на жените по црвениот тепих прошетал во виолетово одело и го покажа својот нов имиџ. Бред Пит сосема ја скратил косата и ја покажал седата брадичка.






Фото: EPA-EFE/SASHENKA GUTIERREZ

 

Покрај тоа, актерот се дружел со обожавателите, им давал автограми и правел селфиња.

 


Социјалните медиуми се полни со реакции на новиот изглед на Бред. Сите го фалат колку добро изгледа.

Бред Пит е главната ѕвезда на филмот „Ф1: Филмот“ (F1: The Movie), кој треба да пристигне во кината овој месец. Освен него, глумат и Дамсон Идрис, Кери Кондон и Хавиер Бардем.


Станува збор за спортска драма во режија на Џозеф Косински, а напишана од Ерен Кругер, базиран на приказна што ја напишале заедно, а која го прикажува Светското првенство во Формула 1.

„Сони Хејс (Пит), возач на Формула 1 кој се тркаше во 1990-тите, доживеа ужасна несреќа што го принуди да ја напушти Формула 1 и да почне да се трка во други дисциплини. Сопственикот и пријател на тимот на Формула 1, Рубен (Бардем), го контактираше Хејс и го замоли да се врати од пензија за да му биде ментор на почетникот Џошуа Ноа Пирс (Идрис) за тимот на Апекс Гран При“, е премисата на филмот.

Поврзани содржини