МАКЕДОНИЈА ЈА НАДИГРА БЕЛГИЈА, АМА ИСПУШТИ 3 БОДА Алиоски постигна гол за паметење!

Скопје се тресеше од ерупција на трибините на „Тодор Проески“, кога херојот Езѓан Алиоски со удар како гром од чисто небо ја стресе мрежата на Белгија – за конечни 1:1 против тим кој вреди цело богатство.

3,304

Ако некогаш се прашувавме дали фудбалот знае за правда, вечерва добивме потврда – таа понекогаш доаѓа доцна, но кога ќе тропне, го тресе целиот град.

Скопје се тресеше од ерупција на трибините на „Тодор Проески“, кога херојот Езѓан Алиоски со удар како гром од чисто небо ја стресе мрежата на Белгија – за конечни 1:1 против тим кој вреди цело богатство.






Нашите лавови излегоа на терен со срце поголемо од арената и со игра која ги надмина сите очекувања.

Белгија – преполна со ѕвезди, со имиња кои се плаќаат со милиони – доби лекција по скромност, но и фудбалска борба каква што не видела одамна.

И сè почна со фудбалска трагедија: статива на Елмас, па втора статива на Алиоски, па потоа гол од „карамбол“ за Белгијците – среќата вечерва очигледно се изнапила белгиско пиво.

Но Македонија не падна. Селекторот Благоја Милевски постави тактика која беше како шаховска табла – умешно, дисциплинирано, со остри потези во вистинското време. Единството, духот, и жедта за победа – беа нашето тајно оружје.

Белгија тргна агресивно, со обиди на Лукаку и Де Брујне, но Димитриевски беше како ѕид од бетон. А потоа – дојде моментот кога Барди ја украде топката и тргна сам кон голот – но недостигаше малку среќа. Елмас – магионичарот – ја тресна стативата, Алиоски исто така. Како да играа против невидлива бариера.

И кога сè изгледаше загубено – се случи експлозија во 86. минута. Бомба на Алиоски и кршење на неправдата! Белгија доби што заслужи – реми. А ние – гордост што не се мери со бодови.

Ова не беше само натпревар. Ова беше симбол на отпор, на непокор, на тоа дека со срце, со народ зад себе и со вера – можеш против секој. Дури и против Белгија.

Поврзани содржини