БЕЛГИЈА НАОЃА МАНИ ЧАСОВИ ПРЕД ДУЕЛОТ СО ШПАНИЈА Тренинг центарот не ги исполнувал стандардите?!

Белгиската федерација оцени дека доделениот тренинг центар не ги исполнувал ни минималните услови, по што ФИФА им одобри преселба во комплексот на Лос Анџелес Галакси. Универзитетот чии терени беа одбиени тврди дека се во одлична состојба.

0

Белгиската федерација се пожали дека тренинг центарот кој првично им бил доделен од организаторите не ги исполнувал „ниту минималните стандарди потребни за тренинг“, поради што побарала промена на локацијата.

ФИФА брзо реагирала и им дозволила на Белгијците подготовките да ги продолжат во тренинг-комплексот на Лос Анџелес Галакси, наместо на терените на Универзитетот Лојола Меримаунт.

Од Универзитетот Лојола Меримаунт не се согласија со критиките и порачаа дека теренот е во одлична состојба.

„Нашиот терен е во одлична состојба и го користеле многу професионални спортски тимови, а неговата употреба е планирана за ова лето“, соопштиле од универзитетот за „Атлетик“.

Белгија вечерва од 21 часот ќе се соочи со Шпанија во четвртфиналето на Мундијалот.

Шпанците влегуваат во натпреварот како единствена репрезентација на турнирот која сè уште нема примено гол, додека Белгијците денот пред мечот го поминаа во расправа околу условите за тренинг.

Поврзани содржини