ГОЛЕМА ЧИСТКА ВО АРСЕНАЛ Објавен список од 20 играчи кои ги напуштаат „топџиите“
Меѓу играчите се оние од првиот сениорски машки тим, но и играчи од академијата на тимот, како и играчи од женскиот сениорски тим.
Вицешампионот на Англија, Арсенал, објави список од 20 играчи со кои се разделува.
Меѓу играчите се оние од првиот сениорски машки тим, но и играчи од академијата на тимот, како и играчи од женскиот сениорски тим.
Меѓу попознатите имиња со кои „топџиите“ ги прекинуваат своите врски се напаѓачот Рахим Стерлинг, играчот од средниот ред Жоржињо, дефанзивецот Киран Тиерни и голманите Нето и Брајан Оконкво. Некои од нив беа во клубот на позајмица, додека договорите на другите истекуваат и нема да бидат обновени.
Арсенал објави дека договорот на играчот од средниот ред од Гана, Томас Партеи, исто така истекува на крајот од овој месец и се водат преговори за негово продолжување. Сепак, во моментов нема финализиран договор.