ПИЈАН ВОЗАЧ НАПРАВИ ХАОС ВО ПРОБИШТИП Излетал од патот и удрил во дрво, полицијата го приведе
При увидот на местото на несреќата и по извршеното алкотестирање, било утврдено дека возачот имал 1,78 промили алкохол во крвта.
Полициски службеници од Полициската станица Пробиштип синоќа, околу 23:55 часот, го привеле 64-годишниот М.К. од Пробиштип, откако со својот автомобил удрил во дрво на улицата Јоаким Крчовски во градот.
Инцидентот се случил нешто по 22:25 часот кога М.К., управувајќи патничко возило марка „Пежо“ со пробиштипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. При увидот на местото на несреќата и по извршеното алкотестирање, било утврдено дека возачот имал 1,78 промили алкохол во крвта.
Од МВР потврдуваат дека против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
За случајот бил известен и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава против М.К.