МАКЕДОНИЈА Е ВО СИЛНО СОЈУЗНИШТВО СО ЕДНА ОД НАЈСИЛНИТЕ ДРЖАВИ Мицкоски го поздрави ратификувањето на Договорот со Обединетото Кралство

Промените се случуваат, вели премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук по повод ратификувањето на Договорот меѓу Скопје и Лондон во Собранието.

668

„Помина во Собрание Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Ова е силно сојузништво со една од најсилните држави. Ова носи економски и политички придобивки за заедничката иднина на сите наши граѓани! Промените се случуваат“.

Вака напиша премиерот Христијан Мицкоски во врска со законот за Договорот за стратешко партнерство кој со 82 „за“ беше ратификуван во законодавниот дом.






Со Договорот на Македонија ќе ѝ се обезбеди кредитна линија од пет милијарди фунти на располагање за големи инфраструктурни железнички, транспортни, здравствени и енергетски проекти, беше речено на денешната седница во Собранието.

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, кој го презентираше договорот во Собранието, наведе дека на списокот проекти се и азвој на модерна товарна и брза тарнспортна железница од Табановце до Гевгелија, инвестирање во здравството и изградба на нови болници, завршување на изградбата на Клиничката болница во Штип, изградба на нова зградаа за медицински факултет и студентски дом, изградба на болница и здреавствен дом во Кичево, реконструкција на клиничката болница во Тетово и развој на капацитетите за сајбер безбедноста и дигиталната трансформација на Владата на РСМ.

 

Поврзани содржини