ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НАШОЛ ДА ОБЈАСНУВА ЗА ДОГОВОРОТ СО БРИТАНИЈА Во времето на СДСМ не се реализираше ниеден значаен проект, посочува владејачката партија

„Имаме партиска елита на СДСМ, предводена од Венко Филипче, која му го чува местото и грбот на Зоран Заев, а која вложува во милионски бизниси во Дубаи, од каде што добиле и златни визи. Постојат индиции дека поседуваат и акции во индиска авиокомпанија, за што СДСМ и Венко Филипче ниту негираат ниту потврдуваат од каде им се парите, обвинува владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

669

СДСМ ја заглави Македонија во долгови, ја осиромаши државата, а народот го остави без надеж, се вели во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на лидерот на опозициската партија, Венко Филипче.

Од владејачката партија обвинуваат дека 7 години СДСМ ја задолжувал државата без да реализира ниеден значаен проект, додека парите од заемите завршувале во приватни џебови, наместо во капитални инвестиции што ќе го подобрат животот на граѓаните.






„Имаме партиска елита на СДСМ, предводена од Венко Филипче, која му го чува местото и грбот на Зоран Заев, а која вложува во милионски бизниси во Дубаи, од каде што добиле и златни визи. Постојат индиции дека поседуваат и акции во индиска авиокомпанија, за што СДСМ и Венко Филипче ниту негираат ниту потврдуваат од каде им се парите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека последиците од владеењето на СДСМ сè уште се чувствуваат – со уништени институции и со економија доведена до раб на банкрот.

„За разлика од тогаш и од матните договори кои што СДСМ го склучуваше, сега Македонија постигнува договори за стратешко партнерство со моќни држави. Стратешкото партнерство со Велика Британија ја зацврстува соработката меѓу двете земји и отвора инвестициски циклус и сигурна реализација на капитални проекти кои ќе ја трансформираат државата. Ќе се подобруваат условите во здравството, ќе се градат и реконструираат болници, ќе се вложува во образованието со изградба на нови медицински факултет и студентски дом. Дел од договорот е и изградбата на брза пруга од Табановце до Гевгелија, така што ќе се изгради уште една коловозна лента за побрз патнички и товарен сообраќај“, посочува владејачката партија.

Сето ова ќе значи значително заживување, раст и развој на економијата, зголемување на БДП, а со тоа и повисоки плати, подобри услови за живот и подобар животен стандард за сите, се додава во соопштението.

„СДСМ и Венко Филипче се синоним за криминал, корупција и за предавства“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова следува откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека зад најавениот заем од шест милијарди евра се крие, како што рече, „антологиски грабеж“. Тој ја критикуваше владата дека веќе ги договорила изведувачите, без тендер и без транспарентност, и предупреди дека секое дете, што ќе се роди во наредните 25 години, ќе биде задолжено со 6.000 евра.

Поврзани содржини