ПРЕКИНАТ Е СООБРАЌАЈОТ НА АВТОПАТОТ ГОСТИВАР-ТЕТОВО Камион се превртел од патот
Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот се пренасочува по околниште патишта.
Во прекин е сообраќајот на автопатот Гостивар-Тетово на еден километар по наплатната рампа во правец кон Тетово поради сообраќајна незгода, откако камион се преврте на патот.
Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот се пренасочува по околниште патишта.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.