ПОЧНА ПРОДАЖБАТА НА АВИОБИЛЕТИ ЗА ЛИНИЈАТА ОХРИД – БАЗЕЛ Првиот лет ќе се реализира на 27 октомври
Билетите се цени почнувајќи од само 1.299 МКД во еден правец (вклучувајќи ги сите задолжителни такси и една рачна торба).
Авиокомпанијата Визер која доби субвенции од владата за летот Охрид – Базел од денеска почна да продава билети за првиот лед 27 октомври.
Визер на оваа релација, како што е најавено ќе лета два пати неделно во понеделник и петок.
Билетите се цени почнувајќи од само 1.299 МКД во еден правец (вклучувајќи ги сите задолжителни такси и една рачна торба).
Оваа нова рута им овозможува на патниците лесен пристап до град познат по својата стратешка локација на крстопатот меѓу Швајцарија, Германија и Франција, нудејќи лесен пристап до повеќе европски дестинации.
Визер ја одржува и авиолиниите од Скопје до Барселона, Шпанија и Лион, Франција.
Оваа нова рута дополнително ја зацврстува улогата на Wizz Air како клучен играч во авио-секторот на Северна Македонија, нудејќи им на патниците повеќе дестинации, подобри цени и поголема слобода за истражување на европската разновидност.