„ВИЗЕР“ ОТВОРА БАЗА НА АЕРОДРОМОТ ВО ПРИШТИНА Ќе ја сочинуваат еден „Ербас 321“ и 40 вработени

Базата треба да профункционира во ноември годинава.

1

Унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер“ ќе отвори база на аеродромот во Приштина, а исто така најавува и можност за затворање на базата во Белград.

Истовремено ќе лансира три нови линии до Брисел, Шарлероа, Карлсруе/Баден-Баден и Базел-Милузе, со зголемување на бројот на летови до Дортмунд.






Отворањето на новата база го објави денеска во Приштина Андраш Сабо, менаџер за развој на мрежата на „Визер“, додека компанијата ја потврди веста и на своите официјални канали.

Според „Визер“, отворањето на базата ќе донесе околу 500.000 дополнителни седишта годишно, ќе создаде 40 нови директни работни места и ќе ја прошири мрежата на компанијата од Приштина на девет линии во шест земји.

Одлуката ја поздрави и косовскиот премиер Аљбин Курти.

– Одлуката на „Визер“ да воспостави база на Меѓународниот аеродром во Приштина е доказ дека Косово сè повеќе се смета за сигурно место за инвестиции, со јасни развојни перспективи и голем потенцијал за уште поголема интеграција во европските транспортни мрежи, трговија и слободно движење на луѓе- изјави  Курти.

„Визер“ е присутен во Приштина од 2017 година, кога започна рута до Будимпешта. Со отворањето на базата, компанијата за прв пат ќе има авион базиран на овој аеродром.

 

Поврзани содржини