АМБАСАДОРИ ГО НАТЕРАЛЕ АХМЕТИ ДА СТАВИ МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ ВО НЕГОВАТА КАНЦЕЛАРИЈА По 24 години во седиштето на ДУИ поставено државното знаме
По 24 години од основањето на Демократската унија за интеграција, во канцеларијата на претседателот на партијата, Али Ахмети, во Мала Речица, за првпат е поставено државното знаме на Северна Македонија, објави порталот Тетова сот.
Знамето беше забележано за време на средбата со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер.
Во изјава за Тетова сот, Ахмети ги објаснил причините за оваа одлука, нагласувајќи дека отсекогаш ја поддржувал унитарната држава и дека поставувањето на државното знаме никогаш не му претставувало проблем.
– Секогаш сум бил за унитарна држава, тоа беше и сугестија на странските амбасадори во земјава, бидејќи на средбите со нив ми беше сугерирано во мојата канцеларија да се постави знамето на државата Северна Македонија – изјавил Ахмети за порталот Тетовасот.
Според него, овој чин е во согласност со уверувањето дека државата им припаѓа на сите граѓани и дека државните симболи мора да се почитуваат.