ЦРНИОТ ПАЗАР НА ЛЕКОВИ ЦВЕТА, А ЛЕКАРИТЕ ДОСЕГА СЕ СУДЕНИ САМО ЗА МИТО И ЗА ГРЕШКИ Заврши времето на неказнивоста на криминалот
Сите количини на лекови на црниот пазар се лекови кои се ускратени некому на легалниот пазар. Сите бевме во големо исчекување на ова обвинение за случајот со Онкологија, вели директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски.
Посветеноста на оваа Влада во борбата против криминалот не е декоративна, туку суштинска, а еден од доказите за тоа е обвинението за случајот со Онкологија, оцени директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски.
– Таму се обвинети медицинскиот и економскиот директор на Клиниката за онкологија и уште тројца доктори. Морам да кажам дека, колку што мене ме држи сеќавањето, надвор од индивидуални случаи на мито, значи доктор што земал пари од пациенти, и неколку случаи на груби лекарски грешки, како влегување пијан во операциска сала, јас не помнам да имало обвинение против лекари. Не помнам и обвинение за овој тип на криминал. Зборуваме за злоупотреба на работните места за тргување на лекови на црниот пазар – рече Клековски во „Наткаст“ на Курир.
Црниот пазар на лекови на Балканот е високо развиен, тоа не е македонска карактеристика, додаде тој.
– Важно е сите земји во регионот, вклучувајќи ја и Македонија, силно да се борат против црниот пазар на лекови. Сите количини на лекови на црниот пазар се лекови кои се ускратени некому на легалниот пазар. Сите бевме во големо исчекување на ова обвинение. Секако, обвинението не е добиен судски процес и осудени виновници, но мислам дека е порака до сите оние луѓе кои што беа во криминал, дека таквите работи се завршени – рече
Тој посочи дека неказнивоста во здравството и во сите подрачја мора да заврши.
– Ние еднаш мора да направиме преседан, да го раскинеме ланецот на неказнивост. И мислам дека сме на добар пат – рече Клековски.