„ЖАЛ МИ Е ТРАМП, НЕМАМ АВИОН ЗА ТЕБЕ“ Рамафоса со шега го почнал тензичниот состанок кој се претвори во шоу

Рамафоса очигледно алудирал на луксузниот авион Боинг 747 кој Катар неодамна му го подари на Трамп и којшто, според објавата на Пентагон, бил примен токму кога Трамп го чекал Рамафоса.

1,949

„Жал ми е што немам авион да ви дадам“.

Вака се пошегувал јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса со американскиот колега Доналд Трамп пред состанокот во Овалната соба кој подоцна се претвори во „шоу“ во кое Трамп го обвинуваше Рамафоса за „геноцид врз белите луѓе“ покажувајќи видео.






Рамафоса очигледно алудирал на луксузниот авион Боинг 747 кој Катар неодамна му го подари на Трамп и којшто, според објавата на Пентагон, бил примен токму кога Трамп го чекал Рамафоса.

– Би сакал да го направите тоа. Би го прифатил. Ако вашата земја им понуди авион на воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави, јас би го прифатил – рече Трамп.

Но, подарокот од Катар, за кој се проценува дека чини 400 милиони долари, покрена прашања за етиката и законитоста кај републиканците и демократите.

Шегата на Рамафоса дојде пред тензичниот состанок во Овалната соба. Спорното видео кое го емитуваше Трамп подоцна беше објавено на официјалниот профил на Белата куќа на социјалната мрежа Икс, со наслов „Докази за прогон во Јужна Африка“.

Поврзани содржини