📽️ ГО ФАТИ МАКРОН ЗА ПРСТОТ И НЕ САКАШЕ ДА ПУШТИ Дали Ердоган го надитри францускиот колега во ракување?

Според турските медиуми, Ердоган реагирал на овој начин бидејќи Макрон се обидувал „да воспостави психолошка супериорност“ ставајќи ја раката на неговото рамо.

754

На социјалните мрежи се шири снимка од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и францускиот претседател Емануел Макрон како се ракуваат за време на шестиот самит на Европската политичка заедница што се одржа во Тирана.

На снимката, Ердоган ја зграпчува десната рака на Макрон со левата рака, ја влече и почнува да го тапка со десната рака. Потоа Макрон со левата ја зграпчува десната рака на Ердоган одозгора.

 






Сепак, Ердоган потоа со десната рака го зграпчува показалецот и средниот прст од левата рака на Макрон. Макрон веднаш успева да го извлече показалецот од стисокот на Ердоган, но Ердоган го држи средниот прст на Макрон во следните неколку секунди и не го пушта.

Корисниците на социјалните мрежи го коментираат потегот на турскиот претседател.

Според турските медиуми, Ердоган реагирал на овој начин бидејќи Макрон се обидувал „да воспостави психолошка супериорност“ ставајќи ја раката на неговото рамо.

Поврзани содржини