ВЛАДАТА НЕМА ДА ГИ ТОЛЕРИРА ТРИКОВИТЕ НА ТРГОВЦИТЕ ЗА ПОСКАПУВАЊЕ НА ХРАНАТА Ако цените скокнат драстично ќе следат мерки со важност до крај на годината

Премиерот рече дека засега нема  драстично поскапување на производите, но додаде дека нема да се толерираат трикови  во кои, како што рече, „преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг и пи-ар услуги, а со тоа практично ќе се плаќа маржата на одредени маркети“. 

85

Доколку се утврди драстично зголемување на цените на прехранбените производи на крајот на месецов ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави денеска премиерот Христијан  Мицкоски.

Мицкоски рече дека засега нема  драстично поскапување на производите, но додаде дека нема да се толерираат трикови  во кои, како што рече, „преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг и пи-ар услуги, а со тоа практично ќе се плаќа маржата на одредени маркети“.

 






– Ги следиме состојбите, јас немам таква информација, разговарав со министерот пред два дена, имавме состанок и ми покажа бројки, немам таква информација дека тоа се случува, но доколку се случува тоа на крајот на месецот автоматски ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крајот на годината. Јасно кажавме дека такви трикови нема да толерираме. Слушаме трикови  во кои преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг услуги, пи ар услуги, а со тоа практично ќе се плаќа маржата на одредени маркети, слушаме, стигаат до нас тие информации, вознемирени сме од тоа што го слушаме,  и е добро тоа што го слушаме затоа што на тој начин не можеме да градиме партнерски однос – изјави Мицкоски.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмишина 8. месецов изјави дека инспекторите од ДПИ се на терен за да утврдат дали трговците, дистрибутерите или производителите имаат девијантно  однесување, односно дали има зголемување на цените на прехранбените производи.

– Доколку се утврди зголемување на цените на производите во тој случај ќе се преземат поригорозни мерки, рече Дурмиши.

Поврзани содржини